Skip to main content

ООУ „Григор Прличев“

Прличеви беседи 2025

Богата програма за годинашната традиционална манифестација „Прличеви беседи“, со што ќе се одбележи годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев.
 |  инфодеск  | 

Богата програма за годинашната традиционална манифестација „Прличеви беседи“, со што ќе се одбележи годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев.

Чествувањата ќе започнат среда 5 февруари 2025 година во 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на НУЦК Охрид во Изложбениот салон.

Во 12:00 часот предвидена е Свеченост посветена на лауреатот награда ГРИГОР ПРЛИЧЕВ и настап на хорот при НУЦК “Григор Прличев”- Охрид, изведба на 1762 лето, како и обраќање на претставници од НУЦК “Григор Прличев”- Охрид и Општина Охрид. Ќе биде претставена наградената поема “Никогаш пред ил’ потем”, артистичка изведба на поемата “Никогаш пред ил’ потем”, како и врачување на Повелбата за најдобра поема за 2024 и свечено обраќање на лауреатот Андреј Ал-Асади Настаните ќе се одржат во НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид во малата сала.

Следниот ден, на 6-ти февруари во 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ „Григор Прличев“, во 11.00 часот предвидени се панихида и полагање свежо цвеќе на гробот на Прличев во близина на црквата Св. Богородица – Перивлепта.