Skip to main content

Проаква еден ден без нафта

Првиот работен ден по празниците административните простории на МЈП „Проаква“, ладни. Работните обврски во претпријатието се изведуваа до 11 часот. Вработените велат дека претприајтието се соочува со недостиг на гориво, додека пак директорот не се согласува со нив и убедува дека вчерашниот проблем бил од техничка природа.

 |  Николоска Биљана  | 
radiator
радиатор

parnoДали МЈП „Проаква“ Охрид, се соочува со недостиг на нафта за греење? Дел од вработените во ЈП, реагираа дека вчера работеле во студени простории до 11 часот по што си заминале. Имено, радијаторите во административните простории биле ладни поради немање на нафта за греење. Првиот човек на меѓуопштинското претпријатие Златко Старкоски убедува, дека проблемот што вчера се работело само до 11 часот не бил во недостигот на нафта, бидејќи цистерната пристигнала во претпријатието истиот ден во 10 часот и 30 минути.

„Вчера имавме ние еден мал проблем, ако може да се каже од техничка природа, што веќе 10 дена овие простории не беа загреани и со самото пуштање на парното греење во утринските часови не можеше да се постигне потребната топлина за нормално работење“-нагласува Старкоски.

starkoskiНема проблем со обезбедување на гориво за греење, просториите денес се топли, изјави Старкоски. Тој не крие дека преземаат мерки за штедење, не само во поглед со нафтата туку штедат и струја, канцелариски материјали и се друго, до мерка која нема да влијае на тековното работењето на претпријатието. Старкоски признава дека должат на компанијата која ги снабдува со нафта.

„Имаме одреден долг кон фирмата „Моби Петрол“ но редовно вршиме плаќање и од нивна страна немаме сериозен проблем редовно не снабдуваат со гориво“.

Потрошувачката на нафта за греење на МЈП Проаква за еден месец или 20 работни дена, се движи околу 1000 литри.  Гледано пак од финансиски аспект, тоа на претпријатието го чини 80 000 денари, информираат од таму. Но со оглед на тоа што деновиве живата во термометарите се спушта и под нулата, не бадијала во народот се вели, назад ни е зимата.

{loadposition content9}