Skip to main content

Проаква испорачува доволни количини на вода за пиење

Поволните временски услови во моментов овозможуваат одлична издашност на изворите со вода за пиење и им одат во прилог на ЈП „Проаква“.

 |  Валентина Неловска  | 
proakva
proakva

Поволните временски услови во моментов овозможуваат одлична издашност на изворите со вода за пиење и им одат во прилог на ЈП „Проаква“. Водоснабдителното претпријатие испорачува до потрошувачите 250 литри вода во минута вода по природен пат. Тоа значи нема вклучување на пумпната станица кај  Метропол и на останатите извори што не беше случај минатата година кога сушата направи големи штети на плашицата во каналот, но и огромни трошоци за електрична енергија на „Проаква“, укажува директорот на ЈП,  Златко Старкоски. Водата која ја пијат граѓаните сега се пласира со најмали трошоци појаснува директорот. Додава проблем на нивното претпријатие не е недостатокот на вода туку  нејзината  дистрибуција и пумпањето на водата со што се прават огромни трошоци за потрошена електрична енергија. Старкоски  најавува многу скоро решавање на овој проблем .
proakva
„ Мислам за неколку месеци ќе отпочне со реализација за доведување на вода од Свинишките извори со капацитет  од 300 литри во секунда што е сосема доволно да ги задоволиме граѓаните со исправна вода за пиење по природен пат без вклучување на пумпните станици и трошок за електрична енергија“, кажува Старкоски.

Старкоски апелира до граѓаните кои нередовно ги плаќаат сметките за потрошена вода да ги подмират обврските и тоа што поскоро. Директорот  потсетува на новиот Закон кој стапи на сила од јануари 2012 година и ќе се применува од јануари 2013 како нивна законска обврска да поднесат тужби до сите потрошувачи кои не ги подмириле обврските кон „Проаква“.

„ Трошоците ќе бидат многу поголеми па ги замолил граѓаните доколку со сметаката за вода добиле и опомена од декември 2012 година посериозно да ја сфатат состојбата и да ги подмират обврските. Кон крајот на јануари 2013 ќе почне доставата на тужби до нотарите и извршителите. Тоа е законска обврска, во текот на годината сите ненаплатени побарувања да се утужат и за правните и за физичките лица,“ напоменува Старкоски.  

Од „Проаква“ апелираат до граѓаните да ги заштитат  водомерните броила од ниските температури за да не дојде до оштетувања на инсталациите. Потрошувачите кои ќе ги заштита броилата од мрзнење ќе добиваат фактурии на просечната потрошувачка на вода која ја имале во последните месеци. Регулирање и изедначувња на состојбите со потрошените кубни метри вода граѓаните ќе имаат во пролетните месеци, појаснува Старкоски.

{loadposition content9}