Skip to main content

Проблемите со недвижниот имот настанати со авинското снимање и понатака болна точка за охриѓани

 Проблемите со недвижниот имот настанати со авинското снимање и понатака болна точка за охриѓани.

 |  Валентина Неловска  | 

Охриѓани на отворените денови со катастар и понатака најмногу се интресираат за проблемите настанати од авионското снимање. Минатата година во катастарот се обратиле 157 граѓани ,а оваа година на првиот ден имало 42 -ца граѓани кои побарале некакво  решение од катастарот   за овој проблем. Славче Трпески , директор на   Агенцијата за катастар на недвижности  тврди дека за да им се олесни постапкаата на граѓаните со овој проблем донесени се законски измени.

„Оваа  пролет направени се измени на Законот за недвижности каде е овозможено без геодетски елаборат  со изјави заверени на нотар граѓаните да ги решат своите проблеми кои настанаа со авионското снимање со уредување на меѓи“, подвлекува Трпески.

Агенцијата за катастар на недвижности покрај што ги слуша во директен контакт проблемите на граѓаните воведува и една новина посветена на компаниите. Сите компании членки на Сојузот на стопанските комори ќе може да побараат помош за решавање на проблемите поврзани со катастарот, напоменува Трпески. Во преговори се вакви средби да има и со компаниите членки на  Стопанската комора на РМ.  Бизнисмените пак за разлика од граѓаните ги мачат други проблеми од областа на катастарот.

„Во делот на бизнис секторот она што го истакнуваат како проблем е приватизацијата на земјиштето на производните капацитети  и легализацијата на безправно изградените објекти од нивна страна .Тоа се најчесто поставуваните прашања. Бизнис секторот бара и поглем достапност до катастарот. Поточно пристап   до податоците за навреме да ги планира проектите“, вели Трпески.

Трпески најавува дека заедно со Сојузот на стопанската комора  е започнат проект секоја компанија да добие електронски шалтер и директен пристап до податоците на катастар. На тој начин потребните податоци и барања веднаш ќе се процесуираат и ќе се избегнат редиците пред шалтерите.    Трпески кажа дека охридското одделение на кастарот  од почетокот на годината до септември решило преку 43.000 предмети. До крајот на годината се очекува да заврши  и дигитализацијата на катастарските планови  за целата територија на Охрид.