Проблемот со кучињата скитници точка на дневен ред на градскиот Совет
Од опозицијата обвинуваат дека шелтерот за згрижување на кучињата не функционира. Од ЈП Комуналец информираат дека за темелно решавање на проблемот се чека на измените на Локалната урбанистичка планска документација со која треба да го добијат на користење земјиштето за да го регистрираат долгоочекуваното прифатилиште за бездомни кучиња.
До каде е постапката и дали функционира шинтерската служба во надлежност на ЈП Охридски Комуналец беше точка со која на барање на опозцијата беше надополнет дневниот ред на денешната 27ма седница на градскиот Совет. Кирил Пецаков координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, обвинува дека службата за прифаќање на бездомни кучиња не функционира, а кучињата скитници стануваат опасни и напаѓаат луѓе.
„ Политичка волја има, формирана е шинтерска служба ,7-8 месеци разговараме за службата , а која е реалноста сите гледаме дека кулминираат нападите на бездомните кучиња“, вели Пецаков.
Актуелното раководство на оваа ЛС темелно го решава деценискиот проблем со кучињата скитници, одговори Љупчо Грданоски, директор на Охридски Комуналец. Завршени се сите постапки кои ги налага Законот за благостојба на животните. За да добиеме од дозвола за органирање на прифатилиште за кучиња од АХВ треба да добиеме право на користење на земјиштето.Таа постапка е започната пред скоро една година, но е заглавена во Министерството за животна средина и просторно планирање, појаснува Градноски околу организирањето на шелтер центарот.
„ За таа цел локалната прави измени на Локалната урбанистичка планска докумнтација што не е во наша надлежност. Веднаш по завршување на документацијата со одлука на совет земјиштето ќе ни биде дадено и прифатилиштето ќе биде регситрирано. До тогаш немаме право да постапуваме . Единствено волонтерите се грижат за заловените животни“, појaснува Грданоски кој очекува за 1 до 2 месеци да се добие потребната дозвола од Агенцијата за храна и ветерина.
Покрај оваа точка на седницата беа 45 точки, меѓу кои беше верификуван мандатот на советникот Ристо Николески кој влезе во советот на местото на градоначалникот Константин Георгиески. Беа разгледувани тромесечните извештаи од работа на ЈП, како и извештаи за реализацијата на програми од одделенијата на ЛС за првиот квартал од областа на образованието, спортот, предлог годишна програма за измена и дополнување на годишната програма за поставување на урбана опрема , како и иницијатива за измена на Статуот на општина Охрид.