Пробно пуштен во употреба колекторот во Пештани
Колекторскиот ситем во Пештани пробно пуштен во употреба. Со овој зафат по 20 години ќе се реши проблемот на 2000 жители од Пештани.
„ Сега се работи на секунарната мрежа и околу 50% од жителите веќе се вклучени во системот.Со овај зафат повеќе нема да има ни една јама или до 4ти јули ќе исчезнат јамите во Пештани“, вели Сандре Нечовски – претседател на месна зедница Пештани.
Со двете пумпни станици едната во местото викано Круша и другата кај автокампот Елешец ќе се заокружи целиот колекторски систем на овој дел долг 37 киломентри. „Бенефитот од ваква инсталација е што целата населба од Елешец до Пештани може да се конектираат во секундарната мрежа, апреку неа до колекторскиот ситем“, вели директорот на Бранислав Трпчевски.
„ Останатото ќе биде обврска на МЈП Проаква а другото на свеста на граѓаните. Проектирано е за 3 пати повеќе корисници од моменталниот потенцијал на Пештани. Ако сега има околу 1300 семејства кој живеат на овај потег капацитетот е за 3 до 4 илјади семејства“, вели Бранислав Трпчевски – директор на МЈП Проаква.
На овој потег,монтиравме нови пумпи и две пумпни станици, а во меѓувреме ја направивме и секундарната канализациона мрежа во Пештани. На овој начин оваа населба и целиот потег од Метропол до Пештани ќе го приклучиме во канализација и колекторски систем, со што ќе го прочистиме езерото од загадување, истакна градоначалникот Александар Петрески.
„ Сега останува во Охридскиот дел да го решиме проблемот со Градиште, Трпејца и Љубаништа – Св Наум.
Имаме дадено неколку проекти до евроспки фондови за решавање на проблемот Љубаништа – Св Наум кој како колктор би требало да се вклучи во Албанија, додека, проблемот во Трпејца ќе го решиме со засебна Путекс станица, а од Љубаништа до Св. Наум би требало да се вклучат во колкторот кој го прават преку KFW банката во Поградец, Албанија, вели градоначалникот Александар Петрески.
Градоначалникот истакна дека секундарната мрежа во Пештани и колекторот локалната ја чинат околу милион и 200 илјади евра. Тој додаде дека Министeрството за транспорт и врски за овие активности издвоило само 3 милиони денари или 50 илјади евра.
Градоначалникот додаде дека сега локлната веќе размислува за втората фаза од колектоскиот ситем која го опфаќа потегот од Грашница до Враништа- Струшко, каде треба да се постават нови цевки, за да се пушти уште една линија и да се направи уште една прочистителна станица.
Инаку пуштањето во употреба на колекторот во Пештани не значи дека ќе се реши проблемот со надојдените води. Градоначалникот рече дека се додека нивото на езерото се дрви над дозволениот максимум, дотогаш граѓаните кои живеат во близина на крајбрежјето ќе страдаат.
{loadposition content9}