Skip to main content

Пробно тестирање

Вчера Министерството за образование и наука одржа пробно екстерно тестирање по предметот математика. Министерството веќе излезе со резултатите од истото.

 |  Билјана Николовска  | 
testiranje
тестирање

nastavnikВчера Министерството за образованиe и наука спроведе пробно екстерно тестирање во 27 училишта од земјава. Основната цел на тестирањето било да се проверат процедурите за неговата реализација. Во примерокот биле опфатени ученици од прва година гимназиско образование од една паралелка (во училиштата во кои наставата се изведува на повеќе јазици било опфатена по една паралелка од секој наставен јазик). Вкупно тестирани биле 1056 ученици, од кои 716 на македонски наставен јазик, 198 на албански наставен јазик и 142 на турски наставен јазик.
Постигнатите резултатите од пробното екстерно тестирање нема да влијаат на успехот на учениците, велат од ресорното министерство. Од таму додаваат дека резултатите од пробното тестирање ќе послужат за да се согледаат позитивните страни и недостатоци кои во наредниот период ќе треба да се надминат.
{loadposition content9}