Од Факултетот за туризам и угостителство Охрид информираат дека проф. д-р Ристо Речкоски учествуваше со свој научен труд од областите на правото и туризмот во Македонија, на 6та Светска конференција за менаџмент на туризмот низ континентите – Туризам за подобар свет, која се одржа во Истанбул, Турцијa во периодот од 30.4.2025 до 3.5.2025. На оваа конференција учествуваа повеќе од 400 учесници, со над 300 трудови од педесетина земји од сите континенти во светот.
-Покрај другите значајни активности, тој оствари контакти со врвни светски професори, кои се во редот на најистакнатите од оваа област во целиот свет, како проф. д-р Димитриос Бухалис од Универзитетот Бурнмаут во Обединетото Кралство, кој е во топ 3 професори од оваа област во целиот свет, со проф. д-р Џин Хои Чан од Универзитетот во Кембриџ, одделот за судии, Гринвич, Обединето Кралство, со домаќинот проф. д-р Мухарем Туна, Претседател на ТУАДЕР (Асоцијација на сите турски академски кадри од туризмот), како и со претставник на коорганизаторот проф. д-р Мухамед Кесгин, од Меѓународниот колеџ за угостителство и иновации од Рочестер Институтот во САД, се вели во соопштението од ФТУ Охрид.

Информираат и дека проф. д-р Ристо Речкоски ги поканал сите овие врвни стручњаци да ја посетат нашата земја и Факултетот за туризам и угостителство од Охрид со цел да биде остварена научна и стручна соработка, што ќе овозможи поголема промоција на нивната институција и нашата земја.