Skip to main content

И покрај патентирањето на охридскиот бисер

Продажбата на лажни бисери се провлекува со години

Нелојалната конкуренција на Охридските бисери се провлекува со години. Државата во 2012 година ги брендира бисерите на двете охридски семејства, Филеви и Талеви, како најстара трговска марка и патент. Но таа заштита е само на хартија, во сите трговски дуќани за накит се продаваат лажни бисери.
 |  инфодеск  | 
Охридски бисери

Нелојалната конкуренција на Охридските бисери се провлекува со години. Државата во 2012 година ги брендира бисерите на двете охридски семејства, Филеви и Талеви, како најстара трговска марка и патент. Охридскиот бисер е заштитен како географски назив и интелектуална сопственост од страна на македонските институции, а по извршена анализа и изготвен елаборат на Технолошко-металуршкиот факултет, кој ги утврдил посебностите и сите својства кои го карактеризираат производот. Но, заштитата е само на хартија, во Охрид на секој чекор се продаваат лажни бисери.

Повеќето трговци за накит и сребро продаваат плагијати, лажејќи дека се работи за оригинал.

Седефести перли, пластични бисери и разни бисерни бижутерии увезени од Тајланд, Кина и Турција во многу трговски дуќани се продаваат како оригинали дури се издаваат и лажни сертификати.

Поради пиратеријата морам да кажам дирекно се работи за злоупотреба на називот охридски бисер, и секако интелектуалната вредност која е заштитена од сите институции. Меѓународни светски институции кои што го испитале и докажале со сите историски и фактички аргументи кои ги имаме низ сите овие сто години. Тоа впрочем се должи на една безидејност на трговците, секако ако еве знаеме за една успешна приказна и сите тие мислат дека тоа треба да го копираат, но да не се лажеме секоја најдобра копија е бледа слика на оригиналот – вели Михајло Филев.

Охридски бисери

Закони има, но инспекциските служби не преземаат ништо, занаетчиите се надеваат дека со влезот во ЕУ конечно ќе го добијат заслуженото место.

И да спроведеме таква тужба би рекол, апсолутно сме свесни дека таа ќе се одолговлекува години низ нашите судски инстанци. И затоа апелирам еден ден кога ќе одиме ние во Европска унија со сите тие поглавја и закони еден ден ќе мора и брендовите да бидат заштитени. Тоа е европска вредност која ние мора да ја практикуваме поготово на еден ваков занает кој едноставно не претставува во светот веќе сто години. А одат толку дрско што лажат дека се некои фамилии, дека имале некаква традиција, дека не знам што. Мислам тоа е се провидно – додава Филев.

Покрај инспекциските служби за спречување на продажбата на лажни бисери можат да помогнат и туристичките водичи, кои треба да им појаснат на туристите каде можат да купат оргинален охридски бисер.

Охридски бисери

Охридските бисери, денес се на трето место на листата на најквалитетни природни перли во светот. Формулата за изработка на охридскиот бисер е стара 700 години, а во Охрид се практикува скоро еден век. Брендирањето на охридскиот бисер е како државен белег, како дел од мозаикот на богатото национално наследство, но не се води доволно грижа за поголема заштита.

Новинар : Соња Рилковска