Продолжен рокот за пријавување локации за брошурата „Инвестирајте во Охрид“
Општина Охрид во својот делокруг на работа а во врска со спроведување на Програма за поддршка на локалниот економски развој за 2023 година, Промоција на можностите за инвестирање во општина Охрид има за цел подготовка и промоција на брошура „Инвестирајте во Охрид“ .
Оваа активност предвидува изработка на брошура за промоција на мерките кои се насочени кон поддршка на економијата, чија основна цел е стимулирање на инвестиции, технолошки развој и зголемување на конкурентноста на македонските компании, но и промоција на поволностите кои се на располагање привлекување странски инвестиции и поддршка на извозот.
Локациите кои се пријавуваат можат да бидат “Greenfield” и “Brownfield” што значи дека локациите може да бидат веќе постоечки капациети и градби или можат да бидат неизградена површина поволнна за отпочнување на градба или развивање на бизнис.
Целта на пријавувањето може да биде продажба или изнајмување на локацијата на одредено време. Можат да се пријавуваат лица и компании кои имаат сопственост на истата и може да бидат во градска или рурална област
За да може да се изврши пријавување на локација сопственикот треба да ги исполнува следните услови:
Да има целосна сопственост на парцелата која се пријавува или договор за закуп на истата
Да поседува имотен лист
Горенаведените документи да ги приложи во копија и фотокопија од лична карта.
Доколку се работи за парцела на која нема изградено објект, истата не смее да биде помала од 1000 m2
За изградени објекти со економска намена објектот треба да има подлога од минимум 500 m2
За локации со намена туризам може да се пријават и градби со минимум подлога од 200 m2 доколку има површина за дополнителна изградба и дворно место.
Горенаведените услови се обврзителни за успешно пријавување на локација
Пријавувањето на локација треба да се изврши преку образец за пријавување кој може да се спушти од веб страницата на општина Охрид и истиот треба да се поднесе во плик преку општинската архива на адреса: Ул. Димитар Влахов бр.57, 6000 Охрид, Со назнака Апликација за „Инвестирајте во Охрид“, најдоцна до 30.06.2023 година.
Образецот ТУКА