Продолжено работно време за угостителските објекти во Охрид во најфреквентниот дел од сезоната

Согласно Одлуката на Советот на Општина Охрид за продолжување на работното време на угостителските објекти, во текот на август 2026 година повеќе датуми се предвидени за продолжување на работното време за еден час на угостителските објекти за и без исхрана без оглед на видот на услугата.
Почнувајќи од претстојниот празничен викенд за Илинден, 31 јули и 1 август, кога традиционално Охрид бележи најголем број посетители, одлуката ќе важи и за секој петок и сабота во текот на месецот. Во август продолжено работно време ќе има на 1, 7, 8, 14, 15, 21, 22, 27 и 29 август, што треба да овозможи непречено функционирање на туристичката и угостителската понуда во најфреквентниот дел од сезоната.
Воедно, со Одлуката се задолжува општинскиот инспекторат, согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, континуирано да врши мерење на бучавоста од угостителските објекти и, доколку се утврди дека не се почитуваат законски дозволените гранични вредности, да следуваат прекршочни санкции согласно Законот.
Исто така, угостителите се задолжуваат да се придржуваат кон одредбите од Законот за заштита од бучава во животната средина, без оглед на продолженото работно време.







