Продолжена лиценцата на „Две солзи“
Погребалниот оператор „Две солзи“ ја обнови лиценцата за вршење дејност. Од Министерството за транспорт и врски, овој оператор добил дозвола и во наредните 5 години да врши погребални услуги на подрачјето на општина Охрид.
Погребалниот оператор „Две солзи“ доби продолжување на лиценцата и во наредните 5 години да ја обавува својата дејност. Управителот на овој оператор Наум Мургоски, за ТВМ изјави дека откако работат на пазарот со оваа специфична дејност, ја постигнале својата цел, да стават крај на монополот во погребалните услуги и бизнис.
„Погребалниот оператор „Две солзи“, работи 5 години на охридскиот пазар. Деновиве ја обновивме лиценцата, од Министерството за тренспорт и врски. Продолжуваме со нашата посветена одговорност кон работата по пристапни цени“
Мургоски истакна дека во овие 5 години покажале сериозен пристап кон работата и професионализам. Додаде дека успеале да направат раздвижување и драстично намалување на цените и услугите кои ги нудат. Исто така Мургоски најави уште една поволна околност, односно одложено плаќање за услугите на 12 месечни рати.