Skip to main content

Продолжуваат активностите за реконструкција на патот преку Галичица

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк „Галичица“ од денеска ќе биде повторно затворен за секаков сообраќај.

 |  Голабовски Крсте  | 
Галичица пат

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк „Галичица“ од денеска ќе биде повторно затворен за секаков сообраќај.

Мерката ќе биде на сила секој ден до завршувањето на работите на делницата од Баба до Царина – (Преспанска страна) од 08:00 до 17:00 часот, поради реконструкција на коловозната конструкција.

– После 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација. Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во двете насоки, информираат од АМСМ.