Продолжуваат успесите на стрелците од СК-Охрид
Викендов на стрелиштето во гимназијата во Сандански се одржа седмиот по ред меѓународен Турнир во гаѓање со воздушнооружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа стрелци од повеќе клубови од Македонија и Бугарија.
Викендов на стрелиштето во гимназијата во Сандански се одржа седмиот по ред меѓународен Турнир во гаѓање со воздушнооружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа стрелци од повеќе клубови од Македонија и Бугарија.
И на овај Турнир СК „Охрид“ се претстави во најдобро светло, закитувајќи се со три поединечнимедаљи и екипен пехар.
Во категорија јуниорки, Јована Милевска се пласира на втората позиција со резултат од 610,2 круга сошто ја потврдува својата спортска форма со тенденција на покачување. На шестата позиција во истата категорија се пласира Ива Маленко со резултат од 381,4 круга.
Во категорија на помлади јуниорки до 15 години, Марија Ангеловска со резултат од 372,8 круга се пласирана втората позиција. Во категорија помлади јуниори, на третата позиција сепласира Бојан Спасеновски со резултат од 369,6 кругови. На петтата позиција во истата категорија се пласира Никола Спироски со резултат од 360,2 кругови.
Во категорија на јуниори, со 557,4 круга, Кристијан Џепароски се пласира начетвртата позиција , зад првопласираните стрелци од СК ,„Стрелец“ од Скопје. И во екипен пласман, на пиедесталот, трето место за СК „Охрид“ со ист број на кругови како и домаќинот СК ,„Санел“ од Сандански. Во категорија на сениорки, шансата за пласман меѓу првите три пласирани ја пропушти Јана Маркоска, која со резултат од 601.0 се пласира начетвртата позиција. Мартина Петровска пак, се пласира на шестата позиција со резултат од 588,6 кругови. После овај Турнир следува пауза од натпреварите домесец Октомври, но стрелците интензивно ќе ги продолжат тренинзите и во текотна летниот период. За две недели пак, ќе завршат и Куп натпреварите за стрелцитеод национална програма.