Продолжува битката за враќање на црковните имоти
Досега се вратни 50% од имотите на Дебарско-Кичевската епархија, но оние највредните сеуште остануваат предмет на денационализација.
Св Софија
Од МПЦ велат дека земјиштата околу Охрид, како оној на „Свети Наум“ вредат околу 12,5 милиони евра, иако се смета дека нивната вредност е далеку поголема.Митропилитот Дебарско-Кичевски, владиката Тимотеј вели дека процесoт на денационализација е спор, посебно кога станува збор за исклучително вредни имоти, кои доколку и бидат вратени на црквата значително ќе ја подобрат нејзината економска положба. Еден од имотите од кој на државата и е тешко да се ослободи е атрактивниот манастирски имот на „Свети Наум“. Станува збор за 2.770 хектари пасишта, шуми, но и дел од планината Галичица. Во минатото поседувал и дел од езерото. Црквата тврди дека целото езеро од храмот „Света Богородица Заумска“ се до манастирот бил имот на „Свети Наум”.Инаку овој голем манастир, пред национализацијата поседувал имоти и во Албанија. Митрополитот Тимотеј кажа и за останатите економски важни имоти кои исто така многу вредат и заслужуваат особено внимание, а тоа се имотите на црквата „Сисвети“ во Дебрца, како и оној на црквата „Св.Спас“ во Долно Лакочереј кој изнесува околу 500 хектари шума и земјиште. Што се однесува до црковните имоти во градот Охрид, тука ситуацијата е малку поразлична. Катедралниот храм „Света Софија” во центарот на Охрид нема ниту еден метар квадратен земја надвор од својот двор. Иако била и престолна црква на Охридската архиепископија, „Света Софија” ќе мора да се задоволи само со фактот дека и е вратена на МПЦ. Што се однесува до големината на имотот на црквата Св.Богородица Перивлепта, тука ситуацијата е поинаква.
Брегалничката епархија на МПЦ, пак, успеала во изминатите години да си врати повеќе од 90 отсто од имотите, што е најголем успех. Под терминот „враќање на црковните имоти“ државата ги подразбираше само црковните објекти и манастирските конаци. Но, откако во 1998 година Собранието на Македонија го донесе Законот за денационализација на имотите одземени по 2 август 1944 година, МПЦ отвори неколку стотици процедури за враќање на целокупниот црковен имот – планини, шуми, пасишта, згради, училишта, полиња, ораници, овоштарници, дуќани. Од Синодот уверуваат дека доколку во целост се спроведе враќањето на сите имоти што некогаш им припаѓале на црквите и манастирите, во тој случај МПЦ ќе може да си организира сопствено стопанство.
{loadposition content9}