Екипите на ЈП Охридски Комуналец на терен секојдневно се справуваат со несоодветно депониран кабаст и зелен отпад.
„Сликите со кои секојдневно сме соочени на секој чекор, во секоја урбана заедница и приградска населба, претставуваат проблем во реализирање на нашите редовни активности.“ – велат од јавното претпријатие.
Граѓаните се ослободуваат од непотребната покуќнина и зелен отпад, депонирајќи ги насекаде, притоа нагрдувајќи ги јавните површини со што се создава хаотична слика во околината.
Екипите на комуналното претпријатие деновиве интервенирале на следните локации: ул.Питу Гули, Сирма Војвода, 7-ми Ноември, Егејска, Ариф Мустафа, Дејан Војвода, Булевар Туристичка, Илинденска, Даме Груев, Јане Сандански, населби Даљан и Свети Стефан.
Во текот на вчерашниот ден од село Трпејца беа подигнати 12м3 кабаст и зелен отпад, а утре ваква акција ќе се реализира во с.Љубаништа, информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Воедно апелираат до граѓаните да не фрлаат кабаст и зелен отпад во и покрај контејнерите . Потсетуваат дека на на располагање им стојат дежурните телефони 075 495 428 и 075 397 944!!!