Хуманата мисија на охридските гимназијалци продолжува. И оваа година беа поправени и подарени компјутери на социјално ранливите категории – иницијатива на професорот по информатика Дарко Цветкоски во ОСУ „Свети Климент Охридски“. Охридските гимназијалци во текот на целата година собираа и поправаа компјутери и компјутерска опрема која на крај заврши во рацете на оние на кои им се најпотребни, а немаат услови да си го овозможат тоа.
„Силата ни е во заедништвото”, вели проф. Дарко и додава дека оваа акција, која започна во 2022 година, ќе станува уште поголема. Оваа година на хуманите ученици им се придружи и Младинската заедница од Гимназијата.