Продолжува иселувањето на младите од Охридскиот регион

Продолжува трендот на иселување од Охридскиот регион.. Сезонскиот туризам, ниските примања, несигурните работни места и високите трошоци за живот остануваат меѓу главните причини за заминување.
Граѓанските активисти предупредуваат сè поголем број млади својата иднина ја гледаат надвор од земјава.
„. Не стагнира и не се намалува, туку е во нагорен тренд. Денес причините не се само работата и квалитетот на живот, туку сè почесто младите се незадоволни и од здравствениот систем, бидејќи не чувствуваат дека добиваат соодветни услуги од државните здравствени установи, а приватното здравство е прескапо за многумина.“ вели Вахид Мемед, граѓански активист.
Младите денес сѐ почесто ја одложуваат одлуката за семејство, а наместо за брак и деца размислуваат како да обезбедат посигурна иднина. Дополнителен товар во Охрид се и високите цени на становите и кириите.
„ Како младите луѓе и со овие плати, младите луѓе не можат да си дозволат да си купат станови. Му треба сигурни работни места и високи плати. И некако економската независност од родителите, односно зависност, продолжува можеби и до 35-та, 40-та година, што е исто така проблем, додава Мемед.
Според активистите загрижува тоа што меѓу оние кои се иселуваат не се само социјално ранливите, туку и млади кои веќе имаат работа, стан и пристојни услови за живот.
Новинар Соња Рилковска




