Преубавата празнична атмосфера на Градскиот плоштад, продолжува. Денеска со почеток во 12:30 часот, како дел од предновогодишната програма, на Градскиот плоштад, најмладите ќе може да ја проследат детската театарска претстава “Ракавиците на Дедо Мраз”.
Вчеравечер охридскиот плоштад наликуваше на вистинска новогодишна бајка, со беспрекорните изведби на најпознатите композиции од анимираните филмови на “Дизни” во изведба на учениците од ОМУ “Методи Патче’.
Горд сум и благодарен на нашите млади музички таленти од ООМУ “Методи Патче” и секако на нивните ментори кои ни го подарија овој прекрасен Новогодишен концерт, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Предходно најмладите заедно со своите родители уживаа во препознатливите детски песнички и веселите разговори на Боби и Биби. ликовите на популарната анимирана серија за деца “Светот на Биби”.
Драги охриѓани и ценети гости, уживајте во новогодишната програма и во текот на наредните празнични денови! – порача градоначалникот Пецаков.