Skip to main content

УХМР

Продоложува облачно и посвежо време

По свежото утро со температура до 8 степени , дневната ќе се искачи до максимални 15 степени целзиусови.
 |  инфодеск  | 
Охрид Фото: Ѓоко Симјаноски

Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд претежно во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. По свежото утро со температура до 8 степени , дневната ќе се искачи до максимални 15 степени целзиусови.

Во петок и сабота во Македонија ќе биде посончево, а во петок попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.