Skip to main content

Ухмр

Продолжува опаѓањето на водостојот на Охридското езеро

Температурата на водата е 6 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 6,5 степени, информираат од УХМР.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,17 метри надморска височина, што e за 24 сантиметри пониско од просекот за февруари или седум сантиметри над дозволениот минимум зацртан на котата 693,10 метри надморска височина.

Долготрајниот сушен период без врнежи дополнително ја усложнува ситуацијата со намалувањето на издашноста на изворите и на дотокот вода од притоките од езерскиот слив.

Температурата на водата е 6 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 6,5 степени, информираат од УХМР.