Skip to main content

УХМР

Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Денешните температури во Охрид ќе се движат во интервал од 7 до 15 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец.

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

Денешните температури во Охрид ќе се движат во интервал од 7 до 15 степени Целзиусови.