Skip to main content

Центар за јавно здравје

Продолжува скринингот за откривање на рак на грло на матка

Скринингот дава резултати со навремено откривање на малигните неоплазми и спасени животи. Од ЦЈЗ напоменуваат дека подобро е да се посвети повеќе внимание на превентивните прегледи за да се спречат заболувањата одколку да се применуваат скапи лекувања.
 |  Валентина Неловска  | 

Во дејноста здравствена заштита на жената во гинеколшката дејност во охридскиот регион најчести се воспалителни процеси на репродуктивните органи ,а потоа следат проблемите поврзани со бременоста и породувањето, а на трето место се малигните неоплазми. Во првата и последната група има намалување на стапката на заболувања во перидот од 2019 – 2021 , вели д-р Даниела Чингоска, од охридскиот Центар за јавно здравје, а се должи на работата на матичните лекари и на програмата за рано откривање на карциномот на грлото на матката.

„Преваленцата се должи на тоа што интензивно се работи на скринингот. Имаме повеќе откривања на тие неоплазми. За среќа е што се откриваат во почетен стадиум , повеќето се бенингни и овозможуваат лекување на овие состојби. Важно е кај оваа популација да се работи на свеста за да се искористат скрининзите што се прават со превентивната програма за да се откријат во рана фаза и да се излекуваат“, посочува д-р Чингоска.

Минатата година, со скринингот се опфатени жени на возраст од 35 до 45 години, а за ова година допрва ќе се одредеи возрасната група. Од ЦЈЗ укажуваат на потребата од реална алокација на ресурсите во здравството. Во регионов е голема и стапката на смртноста кај доенчињата. Последните статистички испитувања покажуваат дека таа е зголемена и е над просечната во државата. Во 2021 година , во Охрид, процентот е 4,5 , а 3 на 1000 живородени во Републиката.

„Би требало да се обрне внимание на животот пред почетокот на зачнување. Важно е бремената жена да ја добива соодветната грижа и прегледи од здравствените тимови. Посетата на патронажната служба на бремена жена била една посета, а потребно е барем 3 посети, посебно во руралните средини. Но, како што има недостиг на кадар секаде тоа се случува и во патронажната служба“, напоменува д-р Чингоска.

Подобро е да се посвети повеќе внимание на превентивните прегледи за здравјето на жената отколку да се лекуваат болести и последиците , потсетува специјалистот по социјална медицина и јавно здравје.