Skip to main content

Спортска инфраструктура

Продолжува уредувањето на СРЦ „Билјанини извори“

Продолжуваат планираните активностите за уредување и подобрување на условите на Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“.
 |  инфодеск  | 
Билјанини извори

ЈП “Билјанини Извори” продолжува со планираните активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура од СРЦ “Билјанини Извори”.

Билјанини извори

Имено, деновиве се започна со реконструкција на долгогодишното запоставено северно фудбалско игралиште и на истото се планира во наредните три недели да се завршат градежно-санациони активности, како дел од првата фаза за комплетно уредување и адаптирање на игралиштето за потребите на многубројните фубалски школи и фудбалски клубови. 

Билјанини извори

Во првата фаза ќе се изврши нивелација на игралиштето, аерификација, засадување на трева и дополнително заградување на фудбалскиот терен. Доколку дозволат финансиските услови во претпријатието ќе се пристапи и кон втората фаза која ќе значи и комплетна санација и реконструкција на игралиштето. Доколку не, претпријатието наредната пролет ќе го заокружи и овој проект кој е од особено значење за фудбалските школи и клубови – велат од ЈП „Билјанини извори“.

Билјанини извори

Согласно планот и програмата за работа на претпријатието за 2022 година, ЈП „Билјанини извори“ и во иднина ќе превземи активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува.