Продолжуваат активностите на Здружението на лица со дијабет: денес ќе се одржи мерење на шеќер во крвта на граѓаните на плоштад „Крушевска република“
Денес на плоштад „Крушевска република“ во периодот од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи мерење на шеќер во крвта на граѓаните под мотото „Да му покажеме црвен картон на Дијабетес Тип 2 заедно“.
Денес на плоштад „Крушевска република“ во периодот од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи мерење на шеќер во крвта на граѓаните под мотото „Да му покажеме црвен картон на Дијабетес Тип 2 заедно“.
Во хотелот „Милениум Палас“ од 17:00 часот ќе се одржи предавање на тема „Промени во очите предизвикани од нерегулиран дијабет и начини на лекување“ со д-р Виолета Бучкоска од Очната болница „Деница“, а во 18:30 ќе се одржи изложба на фотографии и рачни изработки на членови на здружението. Во 19 часот е предвидено да доделување на благодарници, а веднаш потоа во 19:30 предвидена е коктел забава.