Skip to main content

Годинава продолжуваат археолошките истражувања на Самоиловата тврдина

Годинава продолжуваат археолошките истражувања на Самоиловата тврдина. По откривањето на средновековната некропола и антички гробници минатата година, археолозите имаат индиции дека на просторот под слоевите земја се кријат нови откритија. На археолозите од охридскиот Завод и Музеј оваа година во истражувањата ќе им се приклучат екперти за средновековната археологија од Обединетото кралство и Германија.
 |  Маја Савиќ  | 

Оваа година продолжуваат истражувањата на Самоиловата тврдина кои со мали прекини се одвиваат од 2020 година. По откривањето на средновековната некропола во 2023 година и на антички гробници од 4-5 век, уникатни по својата конструкција, археолозите ќе се фокусираат на ово простор и очекуваат нови арехолошки откритија.

„Со истражувањата оваа година кои се континуитет од минатите очекуваме нови откритија паралелно со откривањето на средновековната некропола имаме откривање на доцноантички гробници кои продолжуваат во правец на исток, како и очекуваме нови откритија во правец кон запад во контекст на откривањето на остатоци на мозаик којшто беа откриени во 2023 год. Паралелно со ова откриени беа неколку ѕидови коишто имаа апсидална форма и делови од фрескоживопис а самото тоа дава за мислење дека овие објекти продолжуваат на овој простор што треба допрва да го истражиме.– вели Анатоли Арнаудоски -археолог Завод и Музеј Охрид.

Истражувањата оваа година кои ќе се одвиваат во периодот од јули до септември добиваат меѓународен карактер. Во Охрид доаѓаат истакнати експерти од Обединетото кралство, од Универзитетот Оксфорд, Универзитетите за археологија во Бирмингем и Саутхемптон, како и од Универзитетот Гете во Франкфурт, Германија. Со профорите доаѓаат и студенти од кои дел за прв пат ќе имаат допир со археолошки остатоци од античка и средновековна цивилизација.

„ Има повеќе придобивки како размена на мислења , искуства, интересно е што доаѓаат студенти коишто ќе можат да учат, да се доедуцираат тука, некои од нив прв пат доаѓаат во допир со истражување на средновековна некропола или доцноантичка, што е многу возбудливо за нив , а исто така мислам дека поставуваме фундамент за понатамошна соработка и од финансиски аспект.– вели Арнаудоски.

Во рамки на годинешната програма финансирана од Министерство за култура продолжува истражувањето на Локација Манчевци, како и локалитет Рајца Манастири во Љубаништа кој е од интерес подолг период од 2013 год кога беа откриена ранохристијанска базилика со средновековна црква како и втор објект во непосредна близина кој е најверојатно вила рустика.