Skip to main content

„Забава“ на студенти од регионот во охридски хотел

Продолжуваат да се шират видеа од дивата забава на студенти во Охрид

Во редакцијата доаѓа продолжение на дивјаштвото во хотелот, фрлање прозорци низ прозорец, пиење од лустер наместо чаши, пишува хрватскиот портал 24sata.
 |  инфодеск  | 
studenti vo Ohrid

На социјалните мрежи продолжуваат да се шират видеа од дивата забава на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сите учествуваа во Охрид на, како што велат, традиционалниот собир на студентите „Дифовијадa“, -пренесе хрватскиот портал 24sata.hr.

Во редакцијата доаѓа продолжение на дивјаштвото во хотелот, фрлање прозорци низ прозорец, пиење од лустер наместо чаши, пишува хрватскиот портал.

На претходните снимки може да се види демолиран инвентар на хотелот, скршени стакла, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален…

Мартин Стојчевиќ, претседател на Студентскиот сојуз при Факултетот за кинезиологија, тврди дека студентите од Загреб немале никаква врска со собата која била запалена, дека на тој спрат воопшто немало студенти од Загреб, а менаџерот им потврдил дека за пожарот во таа просторија биле виновни инсталациите.

На објавата на порталот има коментари како:

  • А потоа ние се жалиме на однесувањето на странските туристи во Хрватска.
  • Браво, факултетски образовани.
  • Ако ова е вистина тогаш браво колеги , ни го „обелевте“ образот. Исфрлете ги од факултетот веднаш.

Од хотелот „Десарет“ каде што се случило демолирањето претходно кажале дека се многу изненадени.

„Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем“, изјавил хотелскиот менаџер.

Во хотелот престојувале 1200 студенти пет дена.