Продолжуваат инвестициите во гeрманската Костал во Охрид. И покрај големата криза во автомобилската индустрија странската инвестиција во земјава. продолжува со инвестиции раст и развој

Досега се инвестираа повеќе од 100 милиони евра. Според менаџментот инвестициите ќе продолжат и во следните години а ке се отвораат и нови работни места. Само оваа година компанијата очекува раст за околу 50%.
„Минатата година ја завршивме некаде со 140 милиони извоз, што значи дека ќе имаме раст потенцијално и над 50% споредено со лани. Соработката со институциите на државата е навистина важна бидејки многу од нашите активности за сите странски инвеститори е важно да имаме дијалог и да имаме решавање на оние проблеми кои се поврзани со хармонизација на царинските стапки за да бидеме на исто ниво и конкурнтност со нашите сестрински компании кои работат во ЕУ.“ -изјави Виктор Мизо директор на Костал Македонија

Владата е партнер и поддржувач на бизнис секторот. Минатата година била рекордна во привлекување на странски инвестиции и во иднина владата ќе продолжи да стимулира секторот, рече вицепремиерот Александар Николоски.
„ Костал е првата компанија која што се согласи глобалниот корпоративен данок да го плаќа тука во Македонија им благодарам тоа се дополнителни средства во макеоднскиот буџет. Тоа се средтсва кои ке останат кај нас и очекувам во годините кои доаѓаат да се развива соработката, да се отвораат нови работни места да расте извозот, да се зголемува девизниот прилив да расте економијата. Можам со гордост да кажам дека минатата година ке биде рекордна по привлекување на странски инвестиции во смисла на вредностите, ќе надминеме за прв пат во историјата една милјарда и очекуваме да продолжи истиот тренд.“ – истакна Александар Николоски министер за транспорт и врски
Почнувајќи од денес во Охрид во следните три денови во Охрид се одржува глобална конференција за логистика и ланци на добавувачи, присутни се претставници од сите групации на Костал во светот. Овој настан значи отворање на нови работни места, можност за развој на семејните бизниси и економски развој.
Новинар: Соња Рилковска