Skip to main content

Клуб на млади при црвен крст

Продолжуваат врсничките едукации

На 22-ри и 23-ти февруари беа одржани две врснички едукации за превенција од болестите на зависности во основното училиште „Григор Прличев”.
 |  инфодеск  | 
Врснички едукации

Врсничките едукатори од Клубот на млади на Црвен крст Охрид продолжуваат со спроведување на врснички едукации со цел побрзо исполнување на минимум стандардите и информирање на населението.

Минатата недела на 22-ри и 23-ти февруари беа одржани две врснички едукации за превенција од болестите на зависности во основното училиште „Григор Прличев”.

На овие едукации околу 50 ученици од деветто одделение беа запознаени со зборот зависност, причините поради кои настанува, штетните ефекти на зависните супстанци, како и начините на третман и спречување на зависноста – информираат од Црвен крст Охрид.

Врснички едукации