Skip to main content

Касарна хаб

Проекција на филм Welcome to Norway во Охрид

Филмските проекции ќе се одржат на 13 септември во Тетово, а на 15 септември во просториите на Касарна Хаб во Охрид со почеток од 19:30 часот.
 |  инфодеск  | 
Проекција на филм

Младински образовен форум (МОФ), во партнерство со УНХЦР организира филмска недела во Охрид и во Тетово, каде присутните ќе имаат можност да го гледаат филмот „Welcome to Norway“ во режија на норвешкиот режисер Rune Denstad Langlo, по што ќе следува и дискусија за импресиите од филмот.

Филмските проекции ќе се одржат на 13 септември во Тетово во просториите на Центарот за балканска соработка ЛОЈА со почеток од 18:30 часот и во просториите на Касарна Хаб во Охрид на 15 септември со почеток од 19:30 часот.

„Welcome to Norway“ се фокусира на желбата на еден човек да направи сѐ што е во негова моќ за да не ги изгуби работите во кои вложил најмногу: неговиот хотел и неговото семејство. Дали ќе успее во својата намера, ќе заклучите вие самите на дискусијата која ќе следи по завршувањето на филмот – велат од МОФ.

Сите заинтересирани своето присуство треба задолжително да го пријават на формуларот на следниов ЛИНК, најдоцна до вторник (13 септември), 12:00 часот напладне.

Оваа активност е финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд, во заедничкиот проект имплементиран од Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР и партнерските агенции на ОН. Содржината создадена во рамките на активноста не нужно ги отсликува ставовите на Фондот, УНХЦР и партнерските организации на ОН.

Повеќе информации на следниов ЛИНК.