Проект-печат на Иванов
По трет пат во Охрид се одржува тренинг на млади лидери. Овој проект претставува реализација на идејаta на претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, кој преку овој проект сака да остави печат на неговиот претседателски мандат.
Отворена школата за млади лидери. Охрид по трет пат домаќин на овој проект, кој важи за еден од најуспешните едукативни проекти во земјава. Школата за млади лидери е лична идеја на претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, како би им овозможила на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија, да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. „Со овој проект сакав да имам личен печат на извршувањето на мандатот на функцијата претседател на Македонија“-истакна Иванов. Додаде дека школата за млади ледери не е нешто што се учи од книга, туку од искуствата на другите кои го совладале лидерството.
„Целта е да бидеме големи луѓе“-истакна Иванов.
Голема чест и задоволство да учествува и предава на форумот му претставува на заменик помошникот на државниот секретар на САД, Филип Рикер. Тој не може да одолее на убавините на Охрид и повеќето пригоди да го посети нашиот град максимално ги искористува. А, за школата за млади лидери има посебни впечатоци.
„Ова е прекрасен форум и горд сум што бев дел од него уште од почетокот и воодушевен сум што се вратив овде трета година по ред на иницијатива на претседателот Иванов, да ги собереме на едно место младите лидери кои имаат перспектив и поглед кон предизвиците на општеството, кои гледаат во иднината во која Македонија до максимум ќе ги искористи сите свои силни страни, својот диверзитет и ресурси во регионален и глаобален контекст“.
Учество со предавање на обуката имаше и британскиот амбасадор неговата екселенција Кристофер Ивон. „Прво би сакал да кажам дека е привилегија да се биде овде, на Школата за млади лидери. Мислам дека станува збор за огромна иницијатива, мислам дека е многу препорачливо и мислам дека инспирацијата на Претседателот на РМ, да ги охрабрува младите луѓе и да ги подобрува нивните лидерски вештини, е нешто што единствено може да се слави“-рече Ивон.
Целна група на тренингот се млади луѓе на возраст меѓу 23 и 35 години, дипломирани студенти и професионалци, чиишто сфери на интерес се цивилното општество, економијата и политиката. Во програмата е застапено предавање од лидерството и менаџментот со еминентни предавачи од земјава и странство, кои доаѓаат од врвни образовни и професионални институции, политичари и парламентарци од европските земји, амбасадори, министри, претседатели на успешни компании и бизнис групации.
{loadposition content9}