Skip to main content

СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ дел од проектот за популаризација на воената професија

Популаризацијата на воената професија низ средните училишта ќе се реализира во период од февруари до април 2025 година и ќе опфати 99 средни училишта низ државата.
 |  инфодеск  | 

Проект за популаризација на воената професија вчера започна во средните училишта во Скопје, Велес, Охрид, Валандово, Тетово и Прилеп.

Средношколците беа информирани за можностите кои ги нуди воената професија од претставници од Министерството за одбрана и Воената академија, заедно со професионални војници, подофицери и офицери од Армијата.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на информативните предавања младите имале можност да се запознаат со условите за прием на служба во Армијата и со можностите за личен и професионален напредок кои се дел од воената професија.

– Целта на проектот е зголемување на интересот на младите за воената професија, а со тоа и зголемување на интересот на огласите за професионални војници и питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, што е од особена важност при селектирање на различни профили на кадри, се наведува во соопштението.

Популаризацијата на воената професија низ средните училишта ќе се реализира во период од февруари до април 2025 година и ќе опфати 99 средни училишта низ државата.

Проектот што започна вчера ги опфати средните училишта „Илинден“ и гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, „Димитрија Чуповски“ во Велес, „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, „Гоце Делчев“ во Валандово, „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Мирче Ацев“ во Прилеп.