Проектот „Сахарајан Македонија“ изгледа неверојатно
„Сахарајан Македонија“ е проектот што индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ ќе го реализира во Охрид.
Сахара Индија Паривер со амбизиозен проект за инвестирање на охридското крајбрежје. Една од најјаките светски компании , британската Аткинс склопи проект според кој се предвидува изградба на туристички комплекс кој ќе содржи луксузен хотел , објекти за рекреација и одмор, терени за голф, спа центри, марина, објекти за забава , казино на вода и друго, пренесува МИА.
Визијата на индискиот мултимилионер Субрата Рој за локација од светска класа во Охрид е спакувана под наслов Сахарајан Македонија и ќе се гради на 240 хектари во околината на Охридското Езеро. Проектот опфаќа објекти од станбен, рекреативен, хотелски ентертејмент туризам, марина, терени за голф, спа ресорти и сето тоа по меѓународни стандарди и со целосна еколошка студија за заштита на околината.
Предлогот за инвестицијата е доставен до македонскиот премиер Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески на 20-ти овој месец. ТВМ дознава дека со проектирањето на импозантниот лебдечки хотел кој треба да никне на охридското крајбрежје се поврзува името на еден од најпознатите светски архитекти Том Рајт, чие дело е луксузниот хотел во Дубаи Бурж Ал Араб. Рајт веќе бил во Охрид заедно со претставниците на Сахара груп.
{loadposition content9}