Skip to main content

Проекти од прогррамата на ВМРО-ДПМНЕ

Изградба на олимписки базен, нови спортски терени и современа марина се дел од проектите на Нанче.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
Изградба на олимписки базен, нови спортски терени и современа марина се дел од проектите на Нанче.
Промовирана изборната програма на градоначалничкиот канадидат од Вмро Дпмне, Кирил Трендафилов Нанче. Функцијата градоначалник за мене не е привилегија туку поставување на ефикасна и модерна администрација во која и самиот  ќе работам  на решавање на граѓанските проблеми вели, Нанче. Тој  ветува дека ќе биде одговорен лидер кој секојдневно од администрацијата ќе бара отчет за сработеното. Интенција на Нанче ќе биде Охрид повторно да го претвори во  центар на целиот регион.

Jovanco SekuloskiТој максимално ќе ја искористи  географската положба на општината каде што во радиус од 70 км во Македонија, Албанија и Грција живеат половина милион луѓе. Владата планира силен развој на патната инфраструктура  во регионот, а јас и мојата администрација тоа ќе треба да го сработиме на терен. Јас гарантирам дека Охрид, повторно ќе стане центар, потенцира тој.

Охрид ќе стане европски, развиен  град со кој сите ќе се гордееме вели кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне, Кирил Трендафилов Нанче. Тој ги повикува  граѓаните да им се придружат и да ги поддржат со своите идеи и енергија за доброто на општината.
Нанче на припадниците од муслиманската вероисповед  им го честита празникот раѓањето на Мухамед, а на припадничките на понежниот пол, Меѓународниот ден на жената,  8-ми март.

 

 

 

{loadposition content9}