“Минатото и историјата не можеме да ги измениме, но тоа што можеме е заеднички да создадеме иднина која ќе биде пример и мотив за генерациите после нас”, потенцираше директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.
Регионот споредбено со Европа забележа помал пад, а првите знаци на заздравување во туристичката индустрија започнаа многу брзо и се веќе видливи низ извештаите на Светската Туристичка Организација ( UNWTO) за 2021 година.
„Отворен Балкан” гледано од туристички аспект ќе овозможи поголема координација и соработка на меѓусебните активности поврзани со промоција и поттикнување на туристичките групи да ги посетат земјите, со цел зголемување на туризмот во овој дел на Европа. Поттикнување на соработката во областа на заедничкиот развој на планинскиот и активниот туризам, развој на руралниот и еко туризмот, раст на одржливите форми на туризм паралелно со зачувување на природата и животната средина, ено-гастро концептот само ќе ја зголемат атрактивноста на дестинациите од регионот. Она што е многу важно, а тоа е заедничко аплицирање и употребување на финансиските извори од фондовите и програмите на Европската унија за развој на меѓуграничните зони. Што побрзо го почнеме циклусот на вложување во туристичката индустрија и негов рамномерен развој во сите земји од регионот, толку побрзо ќе го зголемиме бројот на туристи и остварени ноќевања – кажа Јаневски.

Љупчо Јаневски, директорот на АППТ, ја потенцираше потребата од реализација на заеднички проекти за развој на регионалниот туризам, меѓу 6-те земји од Западен Балкан. Подготвување и реализирање на заедничките меѓугранични проекти, службените посети, студиските посети, конференции и учество на интернационални саеми за туризам на трети пазари.
Треба да акцентираме дека идната соработка вклучува развој на човечки ресурси во туризмот и нивно управување, зошто добро обучен, подготвен и пријателски персонал е клуч за успешен туристичко- угостителски сектор. Гостопримливоста е јака страна на земјите од Западен Балкан, но тоа треба да се надгради со добро обучен и професионален кадар – вели Јаневски.
Лидерите од земјите на иницијативата „Отворен Балкан“ го видоа економскиот бенефит од туризмот како стопанска гранка, па така фокусот на самитот во Охрид на 7 и 8 јуни е насочен на туризмот и културата.

Би сакал да надополнам дека „Отворен Балкан” создава дестинација од 15 милиони домашни туристи доволно конкурентна и во самата дестинација, овозможувајки многу подобри конекции, делење позитивни практики, едукација и градење на стручен кадар, зголемена промоција со што се очекува на уделот од туризмот во БДП на секоја земја. Потребата од нови авионски линии за поврзување на балканските земји станува реалност бидејки туристичкиот сектор не може да се развива со немање добро поврзување или патување со автобус до Тирана, Скопје, Белград, Подгорица и Сараево кое трае од 6-8 или повеќе часови. Голем број на потешкотии на балканските земји со националните авио компании и нивната рентабилност, но можностите кои ги отвора регионалниот пристап и отворениот Балкан создаваат потреба од регионален авио превозник. Мојата визија е можноста за еден час лет да се поврзат голем број на дестинации на Балканот со евтини летови и заедничка авио компанија која под брендот „Отворен Балкан” ќе поврзува дестинации со Европа што создава неограничени можности во повеќе економски гранки. Тогаш туризмот ќе ја покаже својата моќ и според моите размислувања ќе стане една од најзначајните економски гранки во економиите на балканските земји – додава Јаневски.