Проф. Крстаноски: Велосипедската инфраструктура треба да се планира со ГУП овите
Еден од суштинските проблеми зошто Охрид, но генерално и сите градови во земјава немаат развиена велосипедска инфраструктура е начинот на кој се изработуваат генералните урбанистички планови, велат експертите. Но постојат уште редица други проблеми кои треба да се решат за да имаме развиен велосипедски сообраќај.
На Охрид повеќе од потребна му е пристојна велосипедска инфраструктура. Во градов постои велосипедски патеки, но за жал факт е истите се оштетени и не се одржуваат. За тоа каде лежи проблемот околу изградба на модерна и соодветна велосипедска инфраструктура открива Професор д-р Никола Крстаноски од Техничкиот факултет во Битола.
„Еден од корените на проблемот е начинот на изработката на Генералните урбанистички планови. Според сегашниот закон за урбанистичко планирање кога се работаат Генералните урбанистички планови единствено нешто што се бара од изработка ов делот на сообраќајот е графички приказ на сообраќајната инфраструктура. Тоа не е ниту од далеку доволно“.
Проф. Крстановски кажа дека секаде во развиените држави во светот, се практицира паралелно и координирано планирање на сообраќајната инфраструктура, во согласност со планирањерто на останатите функции во градот.
„Кај нас се чуствува голем недостаток, урбанистите планираат разни функции, станување, комерција, центар, рекреација, меѓутоа сообраќајот е турнат на страна и практично кога се работат генералните урбанистички планови се нема увид колкав број на патувања би настанале од разните функции, објекти во градот како тие би се распределиле во простор и време и се разбира тоа како последица го има несоодветната сообраќајна инфраструктура. Значи едно е да планирате поедини функции во градот меѓутоа мора да знаете и колкав сообраќај ќе генерираат тие функции за да се планира соодветно градот“.
Проф. Крстановски смета дека и критичната маса има доста влијание врз подигање на свеста на учесниците во сообраќајот и институциите. Не треба да се занемари нивното мислење дека велосипедот треба да се смета како рамноправен учесник во сообраќајот и дека возење на велосипед низ градот не треба да се смета за активност со зголемен ризик, како и тоа дека доколку велосипедската инфраструктурата во градовите е добра, тогаш е непотребно граѓаните да се заштитуваат со кациги и заштитини елеци, согласно постојните законски прописи.