Skip to main content

Младински центар Охрид

Професионализација на младинската работа

Започна нов циклус на обуки за Младински работници во Охрид. До денес во земјава има околу 40 тина сертифицирани лица за работа со млади. Младински работник е професија која треба да го најде заслуженото место во општеството.
 |  инфодеск  | 

Професијата младински работник треба да го добие заслуженото место меѓу професиите во општеството. Во Младинскиот центар Охрид започна нов циклус на обуки за Сертифицирани младински работници. Овие обуки траат по неколку месеци. Младинската работа во Македонија се уште не е целосно препознаена како професија, па лицата кои професионално се занимаваат со младинска работа не можат да бидат вработени како младински работници.

Според стандардите за работа, „Работникот со млади”, планира и реализира активности на локално ниво, дизајнира програми, истражува и реализира проекти кои се во корист на младите.

„Обуката веќе започна изминатиов викенд се одржа првиот дел од сертифицираната обука. Обуките се одржуваат во младинскиот центар , можам да кажам дека конечно во 2020 година се направи, според законот за младинско учество и младински политики, конечно да се добие тој назив Работник со млади да го заземе своето место и на некој начин полека да се валоризира оваа професија. На некој начин да се разработува и мсилам дека оваа професија   е на вистинскиот пат особено во сите градови каде што има а треба во следните две години да ги има во сите градови Младински центри а таму треба да работат сертифицирани младински работници”, вели Јован Цветкоски претседател на МЦО.

Во 2020 година во земјава  беше акредитирана и првата програма за образование на возрасни за занимањето Работник со млади. До декември 2022 година, вкупно 24 лица ја имаат успешно завршено програмата и имаат добиено сертификати за Работници со млади. Во Охрид има само неколкумина.

„Заинтересираноста можам да кажам дека допрва ќе ја согледаме бидејки се уште треба да се промовира младинската работа, што тоа по професија занимање се младинските работници кој се може да биде тоа. Сепак сметам дека од говина во година ке расте се повеке бројот. Во земјава моментално има околу 40 младиснки работници, две организации кои што се овластени за да ги прават обуките. Коалиција Сега и Сојузот за малдинска работа има и пилот проект на катедрата на Филозофски факултет да се провери длаи ќе има заинтересираност за пост дипломски студии  за оваа професија”, додава Цветкоски.

Професионализацијата на младинската работа е тесно поврзана со постоењето на стандардизиран пристап во образованието на младински работници. Во Македонија се уште не постои формално образование за младински работници. Сојузот за младинска работа работи на создавање услови за воспоставување додипломски и/или постдипломски студии по младинска работа.

Новинар Соња Рилковска