Skip to main content

Професори го обвинија Петрески за политички притисок врз нивни колеги

Петрески со одговор дека тоа е легитимна средба со вработените во образованието, кои се под општинска надлежност.

 |  Мишел Наумоски  | 
profesorka
професорка

Тројца професори, Марија Голабоска, Звонко Трпески и Илија Стојаноски излегоа со обвинувања упатени кон актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески за вршење притисоци во политички цели врз просветни работници односно да гласаат за него на престојните избори.

profesorka pritisociВо изјава за медиумите, синоќа тие тврдеа дека имаат сознанија дека ќе се врши политички притисок врз нивните колеги, на состанокот на просветните работници со градоначалникот Петрески.

„Во Големата сала на општината се повикани голем број на вработени во образованието со цел врз нив да се врши притисок да гласаат за еден од кандидатите за градоначалник, во случајов за кандидатот на СДСМ, Александар Петрески. Би сакале да ве информираме дека ова е спротивно на Уставот на Република Македонија со кој што се гарантирани основните човекови и граѓански права, а особено правото на слобода на избор, како и законите за основно и средно образование со кои што строго е забрането мешање на политиката во образованието.“-рече професорката Марија Голабоска.

MON dopisГолабоска го повика министерот за образование да реагира и да спречи мешање на политиката во образованието.

Денеска од министерството за образование и наука со остра реакција на наводите дека врз дел од охридските професори бил вршен притисок во политички цели. Од таму ги повикуваат сите просветни работници да не подлегнуваат на притисоци и како што стои во дописот, секоја ваква злоупотреба на нивните права да ја пријават до Државниот просветен инспекторат.

Од Сојузот за иднината пак со објаснување дека сосема било легитимно градоначалникот да оствари средба со просветните работници бидејќи со влегувањето во втората фаза од децентрализацијата тие се во надлежност на локалната. Од таму потсетуваат дека пред само неколку дена нивните политички опоненти од ВМРО-ДПМНЕ остварувале средби со бродари, туристички работници, хотелиери, лекари итн.

{loadposition content9}