ОУ „Ванчо Николески“ од село Лескоец деновиве е домаќин на наставници и професори од Турција, Словенија, Италија и Србија. Тие се дел од ЕРАЗМУС ПЛУС проектот „Стратегии и присуство во училиште и бегање од часови“.
Целта на настанот е разменување идеи, мислења, ставови и стратегии за работата во училиште.
Професорите од повеќето европски земји вчера беа во посета на Општина Охрид каде ги прими раководното лице на Секторот за образование пред кого го образложуваа образовниот систем и начинот на функционирање на училиштата од матичната земја.