Skip to main content

Професорите се за зголемување на бројот на часовите по спорт

Професорите предлагаат во училиштата зголемување  на бројот на часовите по спорт како спас против деформитетите кај школските деца.

 |  Валентина Неловска  | 
fizicko
fizicko

Професорите предлагаат во училиштата зголемување  на бројот на часовите по спорт како спас против деформитетите кај школските деца. Бројот на регистрирани деформитети од проектот спроведен минатата училишна година има поразителни  резултати. Од 504 испитани ученици од сите училишта биле откриени 302 деца со различни деформитети. Професорите по физичко и здравствено воспитание проблемот го лоцираат пред се во начинот на живеење.

fiskulturaЗа да се подобри здравствената слика на школските деца професорите предлагаат родителите повеќе да ги потикнуваат децата на спортување. Проф. Јоне Станкоски, советник и учесник во истражувањето на степенот на деформитети  спроведен од Локалната самоуправа, вели дека и  државата треба да има поинакво гледиште  кон предметот  физичко и здравствено воспитување.

„ Државата треба да размислува за воведување на настава по физичко воспитание секојднвно,  пет дена во неделата. Сега има три часа ама гледаме дека резултатите не се онакви како што ги посакуваме. Потребно е воведување на физичко веќе од прво одделение со професори по физичко и здравствено воспитание наместо предметните професори кои ги држат часовите.“

Професор Пеце Георгиески, претседател на Сојузот на училишни спортови , вели дека нивниот сојуз  во делот на органзирање на училишни спортови е немоќен да ги опфати сите деца во ланецот на спортување. Сојузот со подршка  од Локалната самоуправа направи организирање на спортска лиги во неколку спортски дисциплини, но тоа за жал опфаќа мал број на деца, нагласува Георгиески. Покрај секојдневната настава по физичко во училиштата професорите посакуваат  и поголема клубска, спортска   масовност во градот. Но и тука има бројни слабости, појаснува Георгиески.

fizicko„Овој ланец  треба да продолжи во клубовите, но за жал состојбата веќе 20 години во Охрид на овој план не е задоволителна, нема масовност. Не  да ги оспорувам луѓето кои биле некогашни спортисти и сега ги водат клубови туку е потребно тие да се усовршуваат и да работат соодветно со децата, појаснува Георгиески.

 И додека, работите се поместат кон нагорна линија во клубскиот спорт, на децата им останува да спортуваат во училишните сали, кои за среќа ги имаат сите општински  основни училишта, со исклучок на училиштето во Велгошти. Секако тука покрај професорите главната улога ја имаат и  родителите да не го запостават спортувањето на  децата кое е мошне важно за нивниот понатамошен здрав развој.

{loadposition content9}