Со тридневна програма Општина Охрид ќе го одбележи Денот на македонската револуционерна борба

Со тридневна свечена програма Општина Охрид ќе го одбележи 23 Октомври – Денот на македонската револузионерна борба.
Програмата започнува утре со промоција на ученичката поетска збирка „Тие доаѓаат“ во издание на Општина Охрид. Настанот ќе се одржи во галеријата на НУ ЦК „Григор Прличев“ со почеток во 11:30ч.



Централниот настан е свечената академија „Од идеја до независност“ на 22.10. 2026 ( четврток) со почеток во 19:00 часот на малата сцена во НУ ЦК „Григор Прличев“. На академијата најавено е обраќање на претставник на Општина Охрид и настап на актерите Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски, етно групата Дамар, солистките Билјана Буџакоска и Исабела Димоска, ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ под менторство на проф. Перчо Божиновски, учениците од ООУ „Григор Прличев“ под менторство на Гордана Никлеска, Благоја Шикоски, женски хор Акордис и охридски детски хор Бамбино.
На денот на празникот утрото ќе биде положено свежо цвеќе на бистите на револуционерите во Градскиот парк, а вечерта со почеток во 19:00 часот ќе биде промовирана книгата „Калдрма“ од м-р Никола Митровиќ Бабе, во Форт Кафе. Промотори на делото се Сашо Нелоски – новинар и проф. д-р Зоран Тунтев.
Општина Охрид ги поканува сите граѓани да бидат дел од свеченостите организирани по повод 23 Октомври, празник што го симболизира стремежот за слобода, самостојност и национално достоинство.




