Skip to main content

Едукација и курсеви

Програма за подготовка на деца за во училиште

Програмата е наменета за деца од 5 и 6 годишна возраст кои сѐ уште не тргнале на училиште, без разлика дали посетувале градинка.
 |  Голабовски Крсте  | 
програма

Црвен иот Крст од охрид најавува Програма за подготовка на деца за во училиште. Програмата е наменета за деца од 5 и 6 годишна возраст кои сѐ уште не тргнале на училиште, без разлика дали посетуваат или посетувале претшколска установа (градинка).

Целта на програмата е да се поттикне радост кон учењето и стекнување на нови знаења. Детето со радост да го очекува поаѓањето во училиште, во прво одделение. Успехот на училиште не зависи само од тоа колку знаење детето ќе донесе со себе. Туку и од тоа колку ќе сака да стекне нови знаења.

Програмата за подготовка на деца за во училиште е осмислена на начин да дечињата преку игра, забава и дружење ја развиваат и јакнат самодовербата. Да стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училиштните задачи. Преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика. Исто и преку вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост. Тука се и социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго. Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно.

програма

Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат училиштното опкружување и снаоѓање во сообраќајот. Родителите редовно ќе добиваат информација за напредокот на своето дете. Ќе добиваат и насоки за понатамошна индивидуална работа со детето.

Програмата ќе се спроведува во помали групи, во просториите на Црвен крст Охрид. Ќе се реализира под водство на високо професионални и стручни лица (педагог, психолог), со богато искуство во работа со деца. Предвидени се два термини за реализација на програмата. Од 18 до 29 јули и од 3 до 16 август. Секое дете ќе добие сет на потребни материјали за работа. За повеќе информации и пријавување во просториите на Црвен крст Охрид или на тел. 078 227-433, 070 315-309 или на е-маил ohrid@redcross.org.mk