Skip to main content

Програмата за спорт за 2014та година не нуди напредок во спортот во Охрид смета опозицијата во градскиот совет

Локалната власт пак, тврди дека финансиската конструкција во буџетот за развој на спортот е реална според моменталните можности.

 |  Мишел Наумоски  | 
sport
спорт

Средствата кои локалната самоуправа ги предвидела, за спорт за 2014та година се премалку за да има било каков напредок во спортот во нашиот град, смета опозицијата во градскиот совет. Според советникот Јоне Станкоски  спортските работници оваа година имајќи ја предвид предложената програма, не можат да се надеваат на некаква помош од локалната самоуправа.

rakomet„Како може за одредени ставки во буџетот предвидувате за некакви расходи кои не се ни наведени за што се, тие се многу повеќе средства отколку за целокупно гледано спортот во градот, 8.750.000 денари. Активностите кои ги имате предвидено во самата програма, големиот дел е препис на она што локалната самоуправа го спроведувала минатите години, но средствата, износите предвидени во самите ставки се минимални и средства со кои нема шанси да се реализираат овие предвидени активности.“-вели советникот од редовите на ВМРО Народна партија, Јоне Станкоски.

Секретарот на општина Охрид пак, Димитар Спасески, вели дека програмата за спорт е реална, и според него опозицијата става акцент на погрешните ставки во неа, а ги игнорира другите ставки.

programa sport„Ние за разлика од претходната локална самоуправа не можеме да дозволиме, луѓето за тоа што работат, да не добијат пари. Затоа одиме со реален износ. Ако има потреба, здравје боже по завршувањето на школската година ќе го ребалансираме. Поддршка на развојни спортски проекти, 400.000 денари, на оваа ставка некако слабо се задржавте, јас мислам дека се прилично солидна финансиска конструкција. Да не одам понатаму, од она што ние го пресметавме, барате некаде околу 3.200.000 денари плус, кои се прилично нереални. Тие биле оние пари кои биле нереални во оваа програма и досега, и неостварливи. Она што ние сметаме е дека овие 8.000.000 денари колку што се предвидени, се реални за спортот.“-рече секретарот Спасески.

sovet Забелешки за предвидените средства во програмата за спорт за 2014та има и независниот советник, Павел Попоски.

„Охрид, со ваква политика за спорт, бидете сигурни, да сте живи и здрави, не може да исфрли ниеден спортист, не може да направи ниеден спортист. Пак ќе повторам, дајте на професорите, на наставниците, на сите спортски работници кои работат со оваа категорија на деца, од најмала возраст да им посветиме поголемо внимание, односно да ги наградиме. Се е преку награди во спортот, се е преку пари. Тие бараат еден навистина минимален надоместок и крајно време е овој совет да им посвети внимание.“-изјави Попоски.

Инаку програмата за спорт не го доби зеленото светло на последната седница на Советот на општина Охрид, а што се однесува до предвидените средства во неа, секретарот на општина Охрид, информира дека тие нема да почнат да се трошат се до оној момент додека не се изгласа програмата за спорт.

{loadposition content9}