Програмата за урбана опрема сега пред советниците
Предлог програмата за поставување урбана опрема доби согласност од завод и музеј Охрид.
Првиот човек на заводот за заштита на спомениците на културата Тања Паскали Бунташеска вели дека програмата е добра и дека заводот нема забебелешки по однос на истата.
„По она што е нацртано сметаме дека е во ред и дека се е вклопено според законот на Охрид. Го нема панаѓурот специфицен за минатите години. Се што е планирано е нормално и изводливо доколку се спроведе како што е зацртано нема да има никаков проблем“, вели директорот на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска.
Според програмата Фрижидери за сладолед е предвидено да се постават строго по приобалниот дел или по кејот на секои 50 до 100 метри по два, на потегот поселе мостот до плажите, и кај чинарот. Што се однесува пак до тезгите, одобрение и локации има за тезги за продавање на книги, сувенири и една за играчки.
„ На потегот помеѓу македонски просветители и Св. Климент Охридски и напотегот помеѓу Летница и Трговскиот Ценатар Амам предвиден е информативен туристички инфоцентар што мислам дека е добро за добивање на било какви туристички информации, единствено што ние како предлог побаравме на три пунктови да бидат поставени културни инфо центри. Една локација е до туристичкиот инфоцентар, друга каде што беше градската библиотека и уште една локација на потегот спроти центарот за култура“, додава
директорката Бунташеска.
Од локалната велат дека сега откако добија согласност од завод и музеј за програмата за поставување на урбана опрема, следен потег е мислењето да се достави до изготвувачот на програмата охридската фирма ДБ Стил – КО. Потоа програмата ќе биде ставена и на седница на совет и истата ќе стапи на сила дури откако за истата дадат зелено светло и градските избраници.
„Во споредба на старата и новата програма нема видни отстапувања по содржините кои се планирани туку треба да се објасни да не се создава забуна затоа што се поставува опрема и на диво, проблем кој го решаваат нашите инспекциски служби. ветуваме дека навреме ќе интервенираат и ќе ја отстрануваат дивопоставената опрема од оние локации кои не се планирани според програмата“, вели портпарол на општина Охрид, Симон Илиевски.
Во програмата за поставување на урбана опрема не е наведен изгледот на тезгите, туку само локациите каде истите ќе бидат поставени. До донесувањето на новата програма за поставување на урбана опрема на сила е старата. Од локалната се надеваат дека целата постапка ќе заврши до почетокот на главната туристичка сезона, по што новите локации за поставување на урбана опрема ќе се даваат на јавен повик. Од таму најавуваат дека за летово ќе има многу поголем ред отколку минатите години.
{loadposition content9}