Програма за заштита на охридските потрошувачи
Македонската Организација и охридскиот Совет ја подготвуваат Програмата за заштита на потрошувачите. Се изработува програма со компаративна анализа на програмите од Европската унија, од Влада и од градовите Скопје и Битола усогласени со посебностите на Охрид, информира Маријана Лончар Велкова, претседателка на ОПМ. Во работата учествуваат покрај ОПМ и претставници од Советот на општина Охрид и ОП, од невладиниот сектор, инспекциските органи и од Стопанската комора на мал бизнис. Заеднички се прават напори да се изработи Програма која ќе заживее, ќе има фискални импликации и со која ќе се спроведуваат активности, кажува Лончар Велкова.
„Да се видат проблематиките во доменот на комуналните услуги, финансиите, трговијата, дали има измами, нечесна пазарна пракса посебно во оваа криза. Неодамна, актуелен беше зејтинот и прехранбените продукти кои ги немаше на полиците во продавниците и маркетите, а за сето тоа треба да се дискутира во Советот на потрошувачи, да се повикаат претставниците и да се разгледуваат проблемите, а за тоа треба волја“-вели Лончар Велкова.
Законот за Заштита на потрошувачите од 2005 година дава можност да се формираат Совети во трипартитен состав во општините, но таа законска основа беше мртво слово на хартија. Немаше волја заради обемната проблемтика која ги засега потрошувачите, а бара голема активност и посветеност, вели Лончар Велкова. Од 2014 година работите се менуваат, бавно профункционира Советот на Потрошувачи во Скопје и во Влада, има оптимизам за активно функционирање на ОП преку Советите и во другите општини.
„Сите сме потрошувачи и не може да се исполитизира оваа работа. Без разлика на верската или политичката припадност сите сме потрошувачи. Нема поделби сите сме еднакви и тука најмногу доаѓа до израз еднаквоста“– напоменува Лончар Велкова.
Програми за заштита на потрошувачите ќе се работат за 5 градови , меѓу кои и за Советот на потрошувачи во општина Охрид. ОД ОПМ напоменуваат за заживување на Советите на потрошувачи ќе бараат поддршка и од Заедницата на единиците за локална самоуправа.