Skip to main content

Програмата за урбана упрема идентична како и минатите години

Програмата за поставување на урбана опрема ќе биде идентична како и минатите години. Ќе има само дополнување на истата со дефинирање на цена за издавање на тезги за храна, информира секретарот на Локалната самоуправа, Димитар Спасески.

 |  Николоска Биљана  | 

Во тек e огласот за прибирање понуди за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема. Секоја година општина Охрид издава површини за поставување на урбана опрема за комерцијално користење и тоа за продажба на сладолед на 24 локации, книги на 6 локации, на 48 локации продажба на сувенири, како и продажба на уметнички слики на 5 локации. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, вели дека годинешната програма е идентична со минатите години.

„Во урбаната опрема имавме потреба само од дефинирање на цена за издавање на тезги за поставување на храна, значи само во еден сегмент ја дополнуваме без суштински нешто да промениме во истата“.

Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на договорот и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, а дозволата се издава за три месеци.
Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејност, а понудувачите треба да достават, понуда на унифициран образец, кој може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината www.ohrid.gov.mk , најдоцна до 08 мај до 15.00 часот.