Производите од млечна индустрија Лабрадор ги задоволуваат сите стандарди за квалитет
Производите од млечна индустрија Лабрадор ги задоволуваат сите стандарди за квалитет, велат од таму. Тоа го потврдуваат најновите резултати од испитувањата на земените мостри од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Се апелира до граѓаните што повеќе да веруваат во квалитетот на домашните производи и да ги купуват истите.
Скандалот со недозволеното количество на афлатоксин во млекото од неколку странски производители кое се продаваше на нашиот пазар, ги раздрма и македонските млекопроизводители. Сите тие беа обврзани да направат дополнителни контроли на своите производи. Во охридскиот регион имаме една млечна индустрија, а тоа е Лабрадор. Нејзините производи ги задоволуваат сите стандарди за квалитет, вели Славко Николовски, менаџер во оваакомпанија. Тоа го потврдуваат најновите резултати од испитувањата на земените мостри од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Николовски вели дека нема никакв можност да се најде зголемен процент на афлатоксин во млечните производи доколку истиот го нема во сировото млеко. Затоа, додава тој контролите првично треба да се вршат на млекото. Николовски тврди дека производителите на млеко од кои тие се снабдуваат својот добиток го хранат со квалитетна храна.
Николовски апелира до граѓаните што повеќе да веруваат воПроизводите од млечна индустрија Лабрадор ги задоволуваат сите стандарди за квалитет, велат од таму. Тоа го потврдуваат најновите резултати од испитувањата на земените мостри од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Се апелира до граѓаните што повеќе да веруваат во квалитетот на домашните производи и да ги купуват истите.
{loadposition content9}