Skip to main content

Прокиснува дел од новиот кров на штотуку реконструираниот централен објект на градинката Јасна Ристеска

Прокиснува дел од новиот кров на штотуку реконструираниот централен објект на градинката Јасна Ристеска.

 |  Валентина Неловска  | 

Кадичка и кофа поставени врз најлон е сликата која ја затекнавме на главниот влез од централниот објект на детската градинка  Јасна Ристеска. Дел од кровот во штотуку реконструираниoт објект прокиснува јавуваат и  родители чии деца се згрижени во овој објект. ТВМ за коментар  ја побара директорката на градинката.
Директорката Роза Костеска,  иако се договоривме за средба, не се одважи да излезе пред камерата и да каже што ќе се преземе за прокиснувањето  на кровот. Врaботените не ни дозволија да снимиме внатре во објектот.

Родителите се загрижени како тоа Надзорниот одбор издал дозвола дека објектот технички е исправен за да се згрижуваат децата. Реконструкцијата на објектот започна на крајот од  јуни и требаше за два месеци да биде завршена. Градбата се пролонгира од предвидениот рок , а за тоа имаше  реакции на 60 -та седница на Совет што се одржа на 28 септември. На адреса на директорката, советниците од опозицијата,  упатија остри критики дека во градинките владее хаос.

„Велите продолжувањето на реконструкцијата е поради природни непогоди. Тие требало да се предвидат при планирањето, не може реконструкција од 2 месеци да трае 10. Децата за тоа време да се згрижени, како што велите,  во соодветни услови. Соодветни услови се во 2 занимални 9 групи деца ?!  Тие се соодветни услови?!. Како се грижат наставниците и воспитувачите за толку деца во 2 занимлани? Хаос е во тие градинки. Се заканувате со казни и решенија и не знаете во какви катастрофални услови работат “, децидно изјави советничката Оливија Пирузева Јанева од СДСМ, од говорницата на советот на претпоследната  седница.

Советникот од ЛДП , Дејан Блажески укажа на лошото менаџирање во градинката и побара писмен извештај од годишното  работењето на градинката за периодот 2015 и 2016, а при  тоа укажа.

„Да Ви кажам што важи, ако сакате детето да се разболи однесете го во градинка. Ние наместо да зборуваме за антибактериски подови , сосодветна вентилациај и соодветно воспитување, зборуваме како да сме во Уганда и Уганда сме, а сакаме да се претставиме како Париз, и сте горди на тоа“, порача Блажески од говорницата на советот кога се усвојуваше извештај за работата на градинката .  

Советниците од позицијата пак, задоволни од работата на директорката и дадоа зелено светло за годишниот извештај, а за не цел месец од техничкиот прием кровот на градинката прокапе.

Објектот започна да се реконструира во месец  јуни со пари од Југозападниот плански регион. Родителите беа трпеливии и не реагираа на пролонгирањето на рокот за завршување, надевајќи се дека децата ќе добијат функционален и модерен објект. Но, за жал реалноста говори нешто друго. Објектот целосно  сеуште не е во функција поради прокиснување на кровот, дворот е натрупан со градежен шут, а зимата е на прагот.