Skip to main content

УХМР

Пролетно сонце и стабилно време

Денес во Охрид минималните температури од -1, а максималните до 12 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне.

Од УХМР информираат дека до крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемена облачност. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Денес во Охрид минималните температури од -1, а максималните до 12 степени Целзиусови.