Skip to main content

Промена на безбедносниот систем во чекор со актуелните случувања

Промена на  безбедносниот систем во чекор  со актуелните случувања.

 |  Валентина Неловска  | 
konferencija

konferencija za bezbednostБезбедносната ситуација во Македонија и регионот по настаните во Куаманово е стабилна и нема потреба од загриженост, ова е оценката на експертите по безбедност од регионот. Сепак по случувањата во Куманово  се потребни реформи  на безбедносниот систем на државата, смета професор  Цане Мојаноски од Факултетот за безбедност од Скопје. Мојаноски напоменува дека реформите се потребни од поодамна. Времето е динамично има нови закани и средства кои се користат , а ниту еден безбедносен систем не е вечен. Апсолутно последните  настани  треба да ги забрзаат  потребните реформи , напоменува професорот.

„ Секако е предмет за безбедносните органи и науката е  да идентификуваат во кој сегменти потфрлил системот  и што е тоа што треба да се поправи. Апсолутно реформите се неопходни, но во соработка со науката и практиката т.е.безбедносниот систем на државата“,  напоменува Мојаноски.

Домашните експерти се против меѓународна истрага или вклучување на странски експерти за инцидентот во Куманoвo.

конференција безбедност „ Мислам дека Факултот за безбедност и оваа конференција  ќе ги дадат соодветните одговори. Но, во секој случај ние како земја треба да ги имаме одговорите и не би требало меѓународната јавност  и меѓуанродната заедница  и фактори да решаваат за прашања по нашата безбедност. Најдобро е тоа самите да го направиме со наши сили и ресурси“, смета професор Жидас Даскаловски од факултетот за безбедност во Скопје.

Експертите од регионот ги следат будно случувањата во Македонија и имаат поинаков став  по ова прашање од домашните. Проф. Зоран Крковиќ од Белград за ова прашање смета дека  меѓународната истрагата би била битна за да се испратат сигнали дека такви акции во иднина нема да се толерираат.
 
„ Но, постои и политичка волја истрагата  да се процесуира до крај. Се плашам дека не постои подготвеност на главните политички фактори не  само во земјите кои се затекнати туку и на главните актери кои со политичко и дипломатско влијание може да ги амортизираат тие закани да не се повторат “, истакна Крковиќ.

На меѓународната конференција за безбедност учествуваат голем број експерти, а темите се повеќе почнувајќи од локален, национален и регионален карактер. Меѓу другото ќе се расправа  и за уставното име на Македонија, битаката која ќе се бие по правен пат да се укине БЈРМ во Обединетите Нации. На оваа тема ќе има дискусии од Игор Јанев, научен советник во Институт за политички науки во Белград.

„Одиме директно преку Генералното собрание не преку Советот за безбедност. Имаме 134 земји што не признаваат под уставно име и очекуваме  уште 10-тина да не признаат под уставото  име.  Имаме голема можност во септември тоа да го направиме  и да го завршиме проблемот со името во ОН,“ кажа Јанев.
Инаку, на 6-та меѓународната конференција, која ја организира Факултетот  за безбедност при Универзитетот Св . Климент Охридски во  Скопје,  се присутни 130 претставници од 15 европски земји. Ќе бидат презентирани 127 научни трудови.